ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
ПОЛИТИКА ЗА КОРИСТЕЊЕ И ЗАШТИТА НА ИНФОРМАЦИИТЕ НА 1188 ВЕБ-САЈТОТ ('Политика')
Друштво за консалтинг финансии и медија Р3 ИНФОМЕДИА ДООЕЛ Скопје, Давател на Универзална услуга, информации од целосниот телефонски именик на РМ – 1188, постапувајќи во својство на Обработувач во целост ја почитува приватноста на своите корисници и затоа преку оваа политика за приватност ги информира за начинот и целите заради кои ги собираме, користиме, обработуваме, откриваме и чуваме личните податоци.
Собирањето и обработката на личните податоци се врши во согласност со прописите за заштита на личните податоци. Во секое време можете да стапите во контакт со 1188.mk во врска со начинот на кој ги обработуваме вашите лични податоци. Вашите прашања можете да ги доставите до:
Овластено лице за заштита на податоци:
Анжела Митреска Христова
Р3 ИНФОМЕДИА ДООЕЛ
Партизански Одреди 42/2
1000 Скопје
Тел. број: 071382188
E-Mail: anzelah@zk.mk
Назив и адреса на обработувачот:
Р3 ИНФОМЕДИА ДООЕЛ
Партизански Одреди 42/2
1000 Скопје
Тел. број: +389 (0)2 3177 888
E-Mail: contact@zk.
Кои информации ги прибираме, како и за кои цели го правиме тоа:
Друштво за консалтинг финансии и медија Р3 ИНФОМЕДИА ДООЕЛ Скопје, врз основа на Законот за електронски комуникации, по спроведена постапка на Јавен тендер, е избрано од страна на Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) за давател на универзалнliата услуга:
- обезбедување на целосен телефонски именик и телефонска служба за информации од целосниот телефонски именик на Република Македонија (која може да се добие на скратениот број 1188)
Врз основа на Договор склучен со Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) за обезбедување на услуга опфатена со универзална услуга, а определена во чл. 94 од Законот за електронски комуникации, Давателот на Универзалната услуга има обврска целосниот телефонски именик да го обезбеди во електронска форма и оваа законска обврска ја обезбедува преку веб порталот www.1188.com.mk .
Давателот на Универзална услуга, Р3 Инфомедиа ДООЕЛ, податоците за претплатниците во целосниот телефонски именик ги добива од Телекомуникациските оператори и е должен да ги прикаже на идентичен и недискриминаторски начин.
По основ на Договорот за Давател на УСО за целосен телефонски именик и телефонска служба за информации, се собираат, евидентираат и обработуваат следните податоци:
За правни субјекти и физички лица кои вршат дејност:
- назив
- седиште,
- адреса на сите деловни единици (доколку ги има)
- телефонски број
За физички лица
- име и презиме;
- адреса;
- телефонски број
Цел на обработка:
Личните податоци се обработуваат со цел обезбедување на целосен телефонски именик за претплатниците во РСМ и обезбедување на телефонска служба за информации, врз основа на овластување издадено од надлежен орган за давател на универзална услуга, врз основа на Закон за електронски комуникации.
Начин на собирање:
Податоците од целосниот телефонски именик на РМ се добиваат индиректно од Субјектите на лични податоци, преку Телекомуникациските Оператори, електронски и енкриптирани.
При тоа Телекомуникациските Оператори ги доставуваат личните податоци (име и презиме, адреса и телефонски број) за потребите на целосниот телефонски именик на РСМ, на веб порталот www.1188.com.mk, само за оние физички лица кои дале писмена согласност истите да бидат јавно достапни.
Со оваа политика Ве известуваме дека податоците на нашата веб страница се јавно достапни податоци, за кои физичките лица дале писмена согласност на својот телекомуникациски оператор истите да бидат јавно достапни.
Физичките лица можат во секое време да се обратат до нивниот Телекомуникациски оператор (каде се претплатници) за да ја повлечат дадената согласност за јавно објавување на нивните лични податоци (име и презиме, адреса и телефонски број).
Ажурирањето на личните податоци, достапни на веб порталот www.1188.com.mk се врши на редовна основа пропишана со закон ( во рок од 24 до 48 часа).
Сигурност на податоци
Друштво за консалтинг финансии и медија Р3 ИНФОМЕДИА ДООЕЛ Скопје , Давател на Универзална услуга, информации од целосниот телефонски именик на РМ – 1188, посветува големо внимание на собирање, чување и обработка на личните податоци на Корисниците, со добра волја, во насока на добро утврдени, јасни цели и во согласност со Законот за заштита на личните податоци на Република Македонија и други соодветни закони, доколку се работи за таков случај. Во таа смисла, Р3 ИНФОМЕДИА ДООЕЛ Скопје,како Давател на Универзална услуга, информации од целосниот телефонски именик на РМ – 1188, ги презема сите соодветни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци на Корисници од случајно или незаконско уништување, губење, менување, откривање или неовластен пристап.
Пренос на личните податоци
Податоците на веб страницата се хостирани на сервери на Амазон во Луксембург (Европска Унија). Во согласност со законот ова се смета за пренос на личните податоци во земјите на Европската Унија/ ЕЕП.
Време на чување:
Друштво за консалтинг финансии и медија Р3 ИНФОМЕДИА ДООЕЛ Скопје, како Давател на Универзална услуга, информации од целосниот телефонски именик на РМ – 1188, не ги чува и не го определува рокот на чување на податоците. Податоците ги добива од операторите во форма која што ја обезбедуваат самите оператори, која се менува и ажурира секој ден. Друштвото само пристапува до податоците само кога треба да ја обезбеди услугата целосен телефонски именик за претплатниците во РСМ врз основа на Овластување издадено од Агенцијата за електронски комуникации;
Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:
- право да бидете информирани за обработката на личните податоци
- право на пристап до личните податоци
- право на исправка и бришење на личните податоци
- право на ограничување на обработката на личните податоци
- право на приговор
Вашите права со согласност со Законот за заштита на личните податоци можете да ги остварите со поднесување на соодветно барање до контролорот, во овој случај Телекомуникациските оператори каде сте претплатници, а од кои ние ги добиваме вашите податоци. Ние како обработувач помагаме на контролорот со Ваше информирање како субјекти на личните податоци да се обратите до вашиот оператор.
Сите граѓанските лица можат во секое време да се обратат до нивниот Телекомуникациски оператор (каде се претплатници) и да побараат:
нивните лични податоци (име и презиме, адреса и телефонски број) да бидат јавно достапни преку целосниот телефонски именик на РСМ или
да ја повлечат дадената согласност за јавно објавување на нивните лични податоци (име и презиме, адреса и телефонски број).
За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци Анжела Митреска Христова на следниов e-mail: anzelah@zk.mk
Доколку сметате дека некое ваше право е повредено при обработката на вашите лични податоци можете да се обратите до надлежниот орган за заштита на личните податоци во нашата земја, преку доставување на барање за утврдување на правото за заштита на личните податоци линк: https://dzlp.mk/node/3274 .
Надлежен орган:
Агенција за заштита на личните податоци
Бул.„Гоце Делчев“ бр.18
Скопје
Е-маил: info@privacy.mk
Последно променето на: 07.09.2021